Препорака за употреба во домашни услови:

  1. Исчеткајте ги забите на вообичаениот начин, а потоа добро исплакнете ја устата и отстранете ги сите остатоци од храна.
  2. Пред употребата, пожелно е да извршите заштита на усните од пребојување, со нанесување на балзам за усни.
  3. Внимателно нанесете мало количество од растворот (неколку капки) на памучно стапче и со него нежно премачкајте ги сите површини на забите, како и гингивата која ги опкружува.
  4. Почекајте 1 минута.
  5. Исплакнете ја устата со вода и исплукајте го вишокот.
  6. Погледнете се во огледало и забележете ги деловите кои се обоени во темно сино. Тоа се неисчистените наслаги на плак. За преглед на забните површини блиски до јазикот користете стоматолошко огледалце.
  7. Темелно исчистете ги забите до целосното отстранување на темно сината боја.
  8. Растворот (плак детектор) може да се употребува повеќекратно (неколку пати во продолжен период до истек на рокот или до потрошување), но максимум еднаш во денот.

Целосно упатство за користење во домашни услови.

Препорачуваме

Во случај да имате композитни реставрации (пломби, онлеи, инлеи) во устата или пак фиксни протетички и ортодонтски изработки, потребно е особено внимание при нанесувањето, затоа што растворот може да ги обои рабовите на дотраените изработки, што може да предизвика потреба за нова реставрација.

Најпрепорачливо е детекцијата на наслагите од плак да ја изврши Вашиот стоматолог во својата ординација. Стоматологот може да ви даде професионален совет за состојбата со плакот, како и за правилна техника на четкање на забите.

Доколку немате Ваш стоматолог, закажете консултативен термин кај нашите соработници.


Закажи термин