Правила на натпреварот

Организатор

Организатор на натпреварот „Куфер полн здрави насмевки“ е НАТУСАНА ДОО Скопје, со седиште на Ул. Качанички пат бр. 174 Скопје 1010, Република Македонија.

Времетраење

Наградниот натпревар (во понатамошниот текст: натпревар) трае од 23.август 2017 година од моментот на објавата на Facebook фан страницата на Четко Четковски од страна на администраторот дека натпреварот е започнат, до 29 септември 2017 година 23:59 часот.

Право на учество во натпреварот

Право на учество во натпреварот имаат сите полнолетни државјани на Република Македонија кои имаат дете на возраст од 4-8 години.

Право на учество во натпреварот немаат вработените во организаторот НАТУСАНА ДОО Скопје, како и сите останати лица кои директно се вклучени во приредувањето и организирањето на натпреварот, во обезбедувањето на подароците за натпреварот, како и членовите на нивните потесни семејства (родители, деца, браќа, сестри и сопружниците).

Правила за учество во натпреварот

Основен услов за учество во натпреварот е корисниците да ја прифатат апликацијата „Куфер полн здрави насмевки“ која се појавува во вид на pop-up прозорец по кликнувањето на копчето СТАРТ на страницата lacalut.mk. За учеството да биде регуларно, учесниците мораат да ги прифатат Правилата на натпреварот и точно да го пополнат прашалникот со следните податоци: 

- Име и презиме на учесник
- E-mail адреса
- Телефон за контакт

Лична одговорност е на корисникот заштитата на доверливоста на лозинките за оние места каде што е предвидено да се впишат. Организаторот не сноси никаква одговорност за било какво губење на податоците, поради прекин на услугите при пренос на информациите на интернет. Корисникот во целост се согласува и прифаќа дека пристапот до апликацијата понекогаш може да биде во прекин, односно привремено недостапен или пак исклучен, без оглед на причините.

Натпреварот е наменет исклучиво за лична употреба и е строго забрането какво било користење во комерцијални цели од страна на учесниците или други лица.

Учесниците кои нема да го пријават своето учество во согласност со правилата за учество, автоматски ќе бидат исклучени од учеството во натпреварот. Истото важи и во случај на приложување на неточни податоци од страна на учесниците. Лицата кои нема да го пријават своето учество во согласност со правилата за учество, ќе приложат неточни податоци го губат правото на учество при доделувањето на подарокот, доколку во меѓувреме го освојат. Во случај на давање на неточни податоци, лицата сами ја сносат одговорноста за истиот чин, т.е. Организаторот нема да сноси никакви одговорности по било кој основ.

Преку оваа апликација, корисниците не смеат да објавуваат материјали кои ги загрозуваат или ги кршат правилата на останатите корисници, кои се незаконски по својата природа, кои се вулгарни или пак на било кој начин навредливи во комуникацијата, кои поттикнуваат на противправни и нелегални активности. Во случај на вакви активности, нивните вршители ќе бидат инстантно дисквалификувани, со забрана за повторно учество во натпреварот.

Во случај организаторот да забележи лажни профили, странски профили, различни нелегални програми и софтвери, лажно или вистинско поврзување на овој награден натпревар со други и ставање во заблуда на корисниците и слично, има потполно право во истиот момент на тој учесник да му забрани повторно учество во натпреварот. 

Учесниците во натпреварот може да освојат најмногу еден пакет годишна залиха производи од линијата Lacalut.

При објавувањето на фотографијата учесникот изјавува и гарантира дека сите права на интелектуална сопственост на фотографијата се целосно уредени.

При објавувањето на фотографијата, учесникот изјавува дека има добиено дозвола за објавување на фотографијата за целите натпреварот, како и на сите луѓе прикажани на фотографијата.

Механизам за учество во Facebook натпреварот

За да стане потенцијален добитник на Lacalut годишна залиха на производи, учесникот во натпреварот треба да ја прифати апликацијата и точно да го пополни прашалникот. За учество учесниците треба да прикачат минимум пет различни фотографии на кои е прикажан песочен часовник кој се добива гратис во специјалното пакување Lacalut за 4-8 години. Покрај секоја фотографија, учесниците треба да напишат опис на конкретната фотографија или креативна мисла.

- Фотографиите мора да бидат лично дело на учесникот;
- Не е дозволено користење на туѓи фотографии или фотографии преземени од интернет;
- Не е дозволено графичко уредување / изменување на фотографиите со апликации од типот на Photoshop;

Фонд на подароци

Фондот на подароци се состои од 10 пакети годишна залиха Lacalut производи за целото семејство. 

Еден пакет на Lacalut производи содржи:

- 12 Lacalut Active пасти за заби за возрасни

- 12 Lacalut пасти за заби за деца 

- 30 раствори за возрасни

- 10 четки за миење заби за возрасни

- 8 четки за миење заби за деца

Подароците ќе бидат доделени на принципот 3+7, односно тројца добитници ќе бидат прогласени според најголем број споделувања, а седуммина ќе бидат прогласени од стручно жири.

Подарокот не може да се пренесе на друго лице или да се замени со пари или друг производ.

Подигнување на подароците

По завршување на натпреварот добитниците ќе бидат прогласени на фан страната на Четко Четковски и lacalut.mk. Организаторот ќе ги информира за локацијата и времето во кое можат да ги подигнат подароците. 

Подароците се подигнуваат лично, со лична идентификација во просториите на организаторот. Доколку добитникот не може да го подигне подарокот лично, подарокот наместо него може да го подигне неговиот/нејзиниот брачен партнер со приложување на лична идентификација на добитникот.

При подигнување на подароците, учесниците ЗАДОЛЖИТЕЛНО мора да го приложат песочниот часовник прикажан на фотографиите што ги прикачиле за учество. Доколку не го приложат, го губат освоениот подарок.

Краен рок за подигнување на подароците е 30 дена од прогласувањето.

Добитници

Добитниците ќе бидат прогласени на 02.10.2017 на фан страната на Четко Четковски, како и на lacalut.mk и тоа според следниов принцип: тројца според најмногу освоени гласови, а седуммина одбрани од стручно жири. 

Доколку се појават двајца или повеќе учесници со ист број на гласови, предност ќе има тој што прв се пријавил да учествува во наградниот натпревар, односно прв ја прифатил апликацијата, прикачил фотографија и напишал креативна мисла. 

Добитниците кои ќе освојат подарок ќе бидат јавно објавени на Facebook страницата на Четко Четковски и даваат согласност ОРГАНИЗАТОРОТ да го објави нивното име и презиме, слики од профилните слики, да ги фотографира при подигнување на подароците и фотографиите да ги објави на фан страницата на Четко Четковски. Победниците кои освоиле подарок ќе бидат известени за подарокот и по пат на електронска пошта на е-маил адресата која ја оставиле во формуларот за податоци при регистрацијата за учество.

Дисквалификација

Организаторот го задржува правото да го дисквалификува секој учесник за кој има основи да верува дека делува во спротивност со правилата на натпреварот. Одлуките на организаторот во поглед на можните дисквалификации се финални.

Заштита на податоците

Сите податоци на учесниците (име и презиме, телефонски број и е-mail адреса) ОРГАНИЗАТОРОТ ќе ги користи заради контактирање на добитниците во врска со преземањето на подароците, проверка на регуларноста на нивното учество, статистичка обработка и јавна објава на Facebook страницата на Четко Четковски.

Сите прибрани лични податоци за учесниците ќе бидат отстранети од сите носачи на податоци за најмногу од 15 дена по завршетокот на наградниот натпревар. Ќе бидат задржани само збирните статистички податоци за бројот на учесникот по место на живеење и доделените подароци.

ОРГАНИЗАТОРОТ нема да ги отстапи податоците на трето лице и податоците нема да се архивираат.

Измена на правилата и фондот на подароци

ОРГАНИЗАТОРОТ го задржува правото на измена на правилата на наградниот натпревар „Куфер полн здрави насмевки“ за време на траење на натпреварот.